Ова не го очекувавме:10 необични парчиња од модната ревија на Шанел за есен/зима 2021/22
Костими и штепуванo скијачко одело,
ѓердан-чанти и кристални жартиери – подвезици, откријте ги
необичните парчиња од колекцијата Шанел за есен/зима
2021/22
„Ми се допаѓаат контрастите, така што за поголемите зимски парчиња, сакав помалку простор. Не знам дали тоа е поради времето во кое живееме, но сакав нешто топло, живо, реално. Замислував моделите како одат од соба во соба, се качуваат по скали, земаат палта ... Се сетив на приказните на Карл за старомодните ревии кога манекенките сами се облекуваа и се шминкаа“- ја опишува позадината на новата FW21/22 ревија, Вирџинија Виард, креативен директор на Шанел.
„Затоа решив да одиме во Кастел (ноќен клуб во Париз), во кој има толку многу салони, скали, барови и бањи, каде што моделите можат да се облекуваат, да се соблекуваат, да се шминкаат, да разговараат и да се забавуваат како да е моминска забава. Целата атмосфера е многу сензуална“, продолжи таа.
Креативниот директор ги ангажираше Inez & Vinoodh да го направат овој уникатен уметнички мини-филм.
Новата колекција е инспирирана од идиличниот скијачки одмор и парискиот шик од седумдесеттите години. Прикажани се модни комбинации за еден совршен зимски ден на ИТ девојка - од костуми за скијање со монограми на Шанел, преку волнени џемпери и капчиња за дневната варијанта, па сè до коктел фустани, светки и кристални жартиери за вечерта.
Иако додатоците не се толку авангардни како што беше шишето со топла вода на Лагерфелд во 1993 година, ниту ексцентрични како познатата Хула Хоп чанта во 2013 година, Шанел нè изненади со изборот на одредени модни парчиња за новата колекција.
Ви ги откриваме 10-те најневообичаени:
1. Фармерки со монограм Шанел
2. Кристални подвезици - жартиери
3. Панталони со трегери
4. Тексас шорцеви со долги ногавици од тул
5. Штепувано одело за скијање
6. Ремен-Синџир
7. Ѓердан-чанта
8. Крзнени елеци и јакни
9. Костим со знакот на Шанел
10. Коктел фустани
Фото: Press/Chanel
Можеби ќе ве интересира:
Диор колекција за есен/зима 2021: Љубов, страст и женственост во прв план! (ФОТО)