Oва прекрасно момче 2 години трпело исмејување додека ја растело косата да ја донира за заболени од рак (ВИДЕО)
Кристијан МекФилами е храбро момче кое преживеа страшно малтретирање кое можеше многу лесно да го спречи, но сепак избра да го издржи од вистински херојски причини.
Кога имал 6 години, тој и неговата мајка Дина виделе реклама за деца кои боледуваат од рак на кои им паѓала косата за време на терапијата и решиле на некој начин да им помогнат.
Неговата мајка му објаснила дека покрај парите што им се потребни на децата, многу луѓе ја донираат својата коса за да направат перики за децата на кои им е потребна. Кристијан одлучил да ја остави косата да порасне дури 30 сантиметри за да ја донира.
Можеби не знаел дека целиот процес ќе трае 3 години и во тој период децата го задевале и навредувале велејќи му дека е девојче. По 3 години ја исекол својата долга руса коса и ја донирал да се користи како перика за дете.
Погледнете го ова видео за да дознаете повеќе: