Ова тајно копче на машината за перење ги суши алиштата дупло побрзо: Спас за домаќинките во ладните денови
Со доаѓањето на есента пристигнаа постудените денови, а тоа значи дека сушењето алишта надвор станува се‘ потешко. Експертот за организирање и чистење на домот, Никола Левис на Инстаграм откри феноменален трик со чија помош алиштата побрзо ќе се исушат.
На видеото таа покажа дека машината за перење има копче за кое ретко кој знае за што служи, а може многу да го забрза процесот на сушење. Тоа е тајна програма за двојно центрифугирање.
„Двојна центрифуга за победа“, напиша таа во описот, притискајќи го копчето за дополнително вртење.
„Центрифуга пуштете двапати! Облеката ќе ви излезе помалку влажна по перењето, што ќе овозможи побрзо да се исуши“, вели експертката во видеото.
Програмата за барабан/центрифуга овозможува дополнително центрифугирање на алиштата, со што се истиснува голема количина вода од нив, па така побрзо ќе се исушат.
„Секогаш убаво потресете ја вашата облека пред да ја ставите на сушарата за да ги отстраните сите нерамнини“, потенцира Никола.
Видео: Инстаграм