ОВА ВИ ТРЕБА: Маска за лице за во зима

Добивај вести на Viber

Студеното време бара дополнително да си ја заштитите кожата. 

Ваквото време ја старее кожата. Ниските температури и ветерот влијаат негативно на изгледот на кожата. Заедно со сувиот воздух во затворените простории, тие предизвикуваат кожата да биде сува, без сјај, затегната. 

Користете ја оваа домашна маска за да го избегнете сушењето на кожата.

Маската е едноставна и ефикасна, i ја заштитува кожата од ниските температури.

Потребни состојки:

Супена лажица густ јогурт

Две мали лажички мед

Подготовка:

Растопете го медот на пареа. Потоа измешајте го со јогуртот, а кога ќе добиете соединета смеса со рака нанесете ја маската на чиста и сува кожа на лицето. Оставете ја маската 15 минути, а потоа отстранете ја со мека крпа.