Оваа баба во еден од најлошите затвори на светот чека ред за да биде застрелана: Само поради една грешка...

Британката од Јоркшир, Линдзи Сендифорд десет години чекала на датумот на нејзината егзекуција во еден од најлошите затвори во Индонезија - иронично познат како Хотел К, пишува Daily Mail.

Бабата на две внучиња е во затворот Керобокан од 2013 година, откако беше фатена на лет од Бангкок до Бали со куфер полн со кокаин вреден околу 1,6 милиони фунти.

Таа немала претходни пресуди и тврдела дека нарко банда со седиште во Велика Британија ја принудила да шверцува кокаин заканувајќи се дека ќе убие еден од нејзините два сина.

Таа е осудена на смртна казна иако соработувала со полицијата при апсењето на високи членови на бандата.

Кен Мекдоналд, адвокат за човекови права и поранешен директор на јавното обвинителство во ОК, го изрази своето незадоволство поради нејзината казна и рече дека таа била третирана „прилично грубо“.

Наводниот водач на нарко банда Џулијан Пондер беше ослободен од затворот Керобокан кон крајот на 2017 година по гласините дека биле исплатени повеќе од 1 милион фунти мито за да се отфрлат обвиненијата за трговија со дрога против него, неговата поранешна партнерка Рејчел Дагал и колегата Пол Билс.

Сендифорд ќе биде префрлена на Нуса Камбанган, познат како Островот на егзекуција, и ќе биде застрелана на полноќ со уште десетина затвореници, доколку нејзината смртна казна биде потврдена.

Затворениците имаат избор да седат или стојат кога ќе бидат застрелани во срцето. Ако преживеат, им пукаат во глава.

Шверцерите на дрога во таа земја се соочуваат со строги казни, а околу 80 отсто од затворската популација кои извршиле прекршоци поврзани со дрога се осудени на смрт.

И покрај тој огромен број, затворот последен пат извршил смртна казна во 2015 година. Сендифорд би можела да се соочи со погубување во секое време доколку не поднесе конечна жалба.

Извор: Јутарни: притскрин Јутуб