Оваа храна најдобро влијае врз сексуалниот живот

Двојките кои јадат многу морска храна имаат повеќе секс и имаат поголема веројатност да обезбедат потомство од оние кои ги избегнуваат рибите.

Една нова студија покажа дека изгледите за сексуален однос биле 39 отсто повисоки во деновите кога двојката конзумирала морски плодови.

До крајот на годината, 92 проценти од паровите кои најмалку два пати неделно јаделе риба, зачнале бебе, во споредба со 79 проценти од оние кои јаделе помалку од оваа храна.

„Додека зголемувањето на сексуалната активност може да биде механизам за однесување кој го поврзува внесот на морска храна и повисоката плодност, тоа не е единствениот механизам", вели менаџерот на студијата Одри Гаскинс од Харвард.

„Ние веруваме дека набљудуваниот однос на морска храна и плодноста, без оглед на сексуалната активност, може да биде резултат на подобрувања во квалитетот на семето, менструалниот циклус и квалитетот на ембрионите. Поранешните истражувања ги идентификуваа овие позитивни ефекти од поголемото конзумирање морски плодови и внесот на масни киселини ", изјави Гаскинс.

Исто така, не се сите риби исти. Најдобро е да се јаде сардини, бидејќи тие се мали и нема загадување во нив.