Оваа молитва нѐ спасува: Споделете за благодет

Молитвата кон Чесниот крст ги тера сите лоши сили и има голема моќ, и на секој човек може да му биде од корист кога е во неволја.

На Господ не треба да му се молиме само кога сме во неволја, неговото свето име треба да го споменуваме засекогаш и секогаш да му бидеме благодарни за сѐ, затоа што тој може да ни биде од голема корист и во добро и во лошо. 

Неговото свето име треба да се споменува засекогаш и секогаш треба да сме му благодарни за сѐ, затоа што Тој секогаш знае што е најдобро за нас. 

Молитва на Чесниот крст

Слава Господе, на твојот Чесен крст!

Нека воскресне Господ, и нека се развеат непријателите негови, и нека бегаат од лицето негово оние кои го мразат. Нека исчезнат како што исчезнува чадот, како што се топи воскот на оганот.

Нека изгинат ѓаволите пред лицето на оние кои го љубат Бог и радосно велат: Радувај се, пречесен Крсте Господов, ти што ги прогонуваш ѓаволите со силата на распнатиот Господ наш Исус Христ, кој се симна во пеколот и ја сотре силата ѓаволска, и кој те даруваше тебе, Чесниот крст, за прогонување на секој противник.

Пречесен Крсте, помагај ми секогаш со Дева Марија и со сите Свети засекогаш.