Култура // Концерти
„Оваа песна ме чинеше десет години живот, но вреди“: Чаирскиот романтичар Владо Јаневски емотивен на првиот концерт во Скопје (ГАЛЕРИЈА)
Еден од трите продадени мега концерти на единствениот Владо Јаневски почнаа синоќа.
Стартуваа во Скопје во Македонска филхармонија а продолжуваат на 25-ти и 26-ти ноември.
Чаирскиот романтичар како и вообичаено, направи одлична атмосфера, а емоциите беа повеќе од видливи. Солзите, не изостанаа, а кантавторот низ искрена емоција раскажа дека песната „Ненормален“ го погодила емотивно и на крај бришејќи ги солзите кажа: „Оваа песна ме чинеше десет години живот, но вреди“.
Се нижеа хит до хит, а публиката уживаше во речиси секоја испеана балада од Владо, но и на понекоја брза песна.
Дел од првиот концерт ви пренесуваме подолу преку галеријата.
Фото: Вангел Тануровски