Оваа жена 42 години живеела со милионер, но парите ги оставил на туѓинци

Добивај вести на Viber

Џоан Томпсон(79) од Пеброкшир во Велс, се шокирала кога слушнала дека мажот, со кого поминала 42 години во врска, не оставил за неа ништо од имотот иако бил многу богат. 

По смртта на Винфорд Хоџ, кој лани почина на 94 години, Џоан се надевала дека ќе добие нешто од неговиот 1,5 милиони фунти вреден имот кој го поседувал. 

Но, тој во тестаментот напишал дека целото свое богатство го остава на парот кој живеел на неговиот имот, затоа што „последните неколку години од неговиот живот биле добри кон него“. 

Старецот во тестаментот напишал дека неговата партнерка е „финансиски поткована“ и нема потреба од неговите пари. 

Сепак 79 годишната жена има заштеди од само 2.500 фунти, што не е доволно за живот, па неправдата ја исправил судијата Милвин Јарман, кој заклучил дека Хоџ направил грешка. Поради тоа пресудил во корист на Џоан Томпсон и нејзе и ја доделил 225 илјади фунти колиба која ја имал Хоџ, како и 190.000 фунти готовина, со кои ќе може да ја реновира недвижноста која ја добила, но и достојно да го помине остатокот од животот.

Пред смртта Хоџ направил дури десет тестаменти, а пред смртта на партнерката и кажал да не се грижи „затоа што ќе биде добро згрижена“. Сепак, во последниот тестамент се предомислил и целото свое богатство го оставил на Карла Еванс и Агон Бериш, кои со своите две деца живееле во изнајмена куќа на неговиот имот.