Овде живеела снаата на Цеца: Ѕирнете во домот на Родиќ сместен во срцето на Војводина - Зелена фасада, златни детали и кристален лустер

Сестрите Родиќ станаа познати на пошироката јавност кога Богдана се омажи за Вељко Ражнатовиќ, синот на познатата пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Бојана Родиќ се омажи за Мирко Шијан, а на социјалните мрежи често објавуваше фотографии од нивниот луксузен дом.

Во вилата на Родиќ се е во бело и златно, уредено со вкус, со многу детали.

Куќата има два ката, како и огромен двор, додека фасадата е зелена.

Во ходникот има огромно огледало, од кое влегувате во дневната соба, каде има скап комплет и кристален лустер.

Кујната е пространа, во бела боја, со сива работна површина, а во трпезаријата има огромна тркалезна маса.

Поранешниот дом на Богдана во Тител првично имал зелена фасада и дрвена ограда, иако внатрешноста секогаш беше убаво уредена, во златни тонови.

Сепак, семејството Родиќ ја реновирало куќата, па се вели дека сега е една од најубавите во Тител, а домаќините Данијела и Богдан мештаните ги фалат и споменуваат како вредни, чесни луѓе кои се посветени на куќата и семејниот бизнис со кокошки.

Фото: Принтскрин
Извор: Blic.rs