Oвие хороскопски знаци се многу љубоморни

ОВЕН

Прилично е љубоморен, далеку над онаа нормална љубомора, а на тој начин покажува колку се гржи за партнерот. Страствен е во љубовта, а неговите љубоморни испади се еднакво страствени.

РАК

Многу се љубоморни, веднаш по Скорпиите, тие се најљубоморниот знак во зодијакот. Во врската бараат многу, но и даваат многу. Склони се кон драми и преувеличување поради што веднаш помислуваат дека се во лоша врска, иако тоа можеби не е така.

ЛАВ

Припадниците на овој знак имаат проблем со голема доза на љубомора, но тоа се обидуваат да го прикријат на сите можни начини, бидејќи имаат проблеми со егото. Сепак, луѓето кои добро ги познаваат веднаш го забележуваат тоа. Нивната љубомора понекогаш толку нема смисла, што може да изгледа смешна.

СКОРПИЈА

Најљубоморниот знак во зодијакот е Скорпијата, а причина за сомнеж гледа буквално во се. Припадниците на овој знак, иако самите честопати зрачат со силен сексапил, им пречи доколку и нивниот партнер е таков. Најсреќни се во врска со личност која е подготвена целосно да им се посвети.

РИБИ

Припадниците на овој знак се прилично љубоморни, повеќе од Бикот или Вагата, но помалку од Скорпијата, Овенот, Ракот и Лавот. Склони се кон долги и стабилни врски и мразат кога нешто ќе им го поремети тој концепт. Искрени се, па затоа кога имаат љубоморен испад знаат да му кажат се на партнерот.