Овие намирници прават „чуда“ за лицата над 60 години: Го поправаат проблемот во стомакот, го зајакнуваат имунитетот и здравјето
Ова се најдобрите
намирници за стомакот во зрелоста – ги има насекаде, вкусни се и евтини!
Здравјето на дигестивниот систем е исклучително важно поради имунитетот, а многумина кои имаат стомачни проблеми често не знаат колку желудникот влијае на општото здравје на организмот.
Цревната пропустливост, односно синдромот на пропустливо дебело црево, значи дека цревниот ѕид е разреден и несварените честички од храната и несаканите микроби минуваат низ него директно во крвотокот.
Студијата спроведена на постари лица покажа дека една работа конкретно помага во нивниот случај.
Учесниците во студијата биле постари од 60 години и го имале овој синдром. Осум недели се хранеле со диета богата со полифенони, кои се наоѓаат во храната како јаболка, какао, темно чоколадо, зелен чај, портокали ...
Идејата била да се утврди како овие намирници му помагаат на нивниот микробиом и состојбата на цревниот ѕид и во тој период внимателно се следеа нивните здравствени параметри. Редовно се земале и примероци од столицата за да се утврди што има во неа.
Утврдено е дека полифенолите, вредните материи во овие намирници, навистина донекаде помагаат кај овој синдром. Особено, какаото и зелениот чај го стимулираат растот на добрите и го инхибираат количеството на лоши бактерии.
„Внесувањето на големи количини на храна како овошје, зеленчук и зелен чај го зголеми нивото на полифеноли и влакна кај учесниците во студијата“, вели авторот на студијата, д-р Кристина Андрес-Лакуева.
Синдромот на течење на цревата е поврзан со многу хронични болести, а идејата на студијата беше да се утврди како исхраната влијае на одредена возрасна група, во овој случај, на луѓе постари од 60 години.
Фото: SHUTTERSTOCK
Го чисти никотинот и катранот од телото: Пушачите треба да го направат овој пијалак и да ги зачуваат своите бели дробови