Овие зборови, од устата на мајката, се помоќни од било кој лек

Она што мајката може и треба да биде за ќерката е содржано во наредните неколку редови. Прочитајте!

Еј, запомни!

Не си сама, не си немоќна, не си репка без корен, имаш некој свој кој е тука за тебе и кога е добро и кога не е добро. Плачи ако треба, плачи колку можеш, солзите се лек, солзите ти ја мијат душата.

И тогаш тој некој твој ќе ти каже нешто смешно, па ќе се смеете и ќе ги избришете солзите и капките во исто време. Кога децата беа мали и нешто ме болеше, ги гушкав и ја ставав раката на болното место и им шепотев: „болката нека помине на мама“, а тие полека се смируваа и заспиваа.

Затоа прегрнете го тој некој ваш, споделете ја таа болка како што ја делите среќата, помалку ќе боли, побрзо ќе помине.

Никогаш не сте сами, какви се километрите, што се тоа други континенти, која е далечината што може да ја намали силата на љубовта и интимноста меѓу вас.

А кога некој твој е таму некаде горе, и ти праќа сила одозгора, следејќи го секој твој чекор и здив, избриши ги солзите, погледни во небото, прати му бакнеж и почувствувај како силно те прегрнува и вели: нека ми помине болката“.

Ти не си сама. Никогаш.

izvor: uspesnazena.com