Овој маникир стана вирален: Причината е многу посебна! (Идеален за идните мајки)

Добивај вести на Viber

Маникир, циркони, уметност на нокти - сето тоа „паѓа во вода“ кога ќе ја погледнете оваа неверојатна маникир трансформација на една козметичарка. Оваа нејзина идеја со отсликување на фотката од ултра звук на идната мајка, ја направи позната преку ноќ.

Насликаниот нокт и сликата од ултра-звук се неверојатни, бидејќи разликите речиси и да не постојат.

Затоа сликата на Фејсбук е споделена над 145.000 пати, а Сара Кларк стана позната во Англија и пошироко.

Имено, Стејси Доналдсон е идна мајка која дошла во салонот за нокти. Во разговор со Сара, тие дошле до идеја да и наслика на ноктите слика од ултразвук.

„Беше неверојатно кога почнав да работам, само избувна од мене, обожавам да правам некои невообичаени работи, но ова е нешто нечуено, тоа беше посилно од мене, јас ја поставив сликата, а до вечерта имаше 16.000 допаѓања. Јас навистина не очекував такви реакции ", изјави Сара за Daily Mail.