Овој предатор бил напуштен од мајка му кога имал 1 месец: Денес, Алида успеа да го воспита волкот да се однесува како слатко кученце (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Многу животни може да се чуваат како домашни миленици од  кучиња и мачки  се до егзотични животни како змии и папагали. Волците се диви животни кои тешко можат да се скротат. Овие животни немаат генерации на припитомување во нивните гени, па разбирливо е дека Кира беше доста тешко да се скроти.

Со самото тоа што е волк, Алида мораше дополнително да работи за да ја припитоми. На Кира и требаше многу социјализација, да се запознае со деца, возрасни, па дури и други животни.

Сега, по многу работа, таа е целосно скротена и не би повредила ниту мува.

Ако ја пуштат во дивината, постои голема веројатност да умре бидејќи никој не научил да ја лови. Мајката на Кира ги оставила своите бебиња, па тие морале да ги хранат рачно за да преживеат. А Алида ја земала Кира кога станала малку посилна, за да ја чјува дома.

-Ја земав кога имаше 28 дена. Таа е паметна, но многу тврдоглава. Кога носи одлуки, се фокусира на себе, а не на мене. Од самиот почеток го започнав процесот на нејзината социјализација. Таа виде огромен број кучиња, луѓе и деца. Одевме на различни места за да може да проучува различни мириси, да слуша нови звуци. Волците имаат вродена неофобија, страв од се ново. Ова е многу тежок процес, долг и напорен, но неопходно е Кира да може да живее со мене во урбана средина и да се чувствува удобно, изјави Алида.

- Имаше проблеми и во воспитувањето, но со текот на годините сето тоа исчезнува и работата вроди со плод - Кира има стабилна и блага психа, не реагира на агресијата на другите кучиња и самата не предизвикува конфликти. Таа се однесува многу внимателно со децата и ако детето се плаши од неа, не му приоѓа, изјави Алида.

Оваа девојка се погрижила Кира да не се плаши од модерниот свет, па ја однела во бројни авантури.

-На улица луѓето најчесто реагираат љубопитно, бараат да се фотографираат, прашуваат дали е опасно да се живее со волк, а особено кога има дете во куќата (имам 7-годишен син Богдан ). Кира е многу дружељубива и не влева страв кај луѓето. Но, на интернет луѓето се многу  глупави, пишуваат различни работи. Посебно по серијата навреди на моја сметка како и обвинувања дека навистина е глупаво затоа што дома чувам животно предатор. Но тоа не е вистина, јас никогаш не би го загорзила мојот, ниту животот на мојот син, изјави Алида.

 

Фото:screenshot

Извор:hr.sfr.fresh.com