Животна училница // Приказни
Овој живот е за храбрите: Коки проговори за разводот и за новата девојка
- 13 Март, 2019
Не сакам да се враќам на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за храбрите, не е за плачковци. Вака Коки Јанков им одговори на новинарите од естрадниот магазин „Ексклузив“ на прашањето зошто се разведува по десет години брак.
Познатиот музичар кој се прослави со дуото „Дуле и Коки“ конечно се огласи за разидувањето со неговата сопруга Росана која е портпарол во АМСМ. Јанков во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и информацијата дека веќе неколку месеци е во врска со адвокатката Маја Парговска која наводно е и негова поранешна девојка.