„Оживеа“ книгата „Волкот и седумте јариња“
Издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО денеска објави бесплатна апликација за Андроид поврзана со нивната веќе издадена книга ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА, и тоа, во АУГМЕНТИРАНА РЕАЛНОСТ!
Станува збор за бесплатна апликација која е достапна на официјалната интернет-продавница за Андроид, Play Store. Откако ќе се стартува апликацијата, потребно е само да се насочи телефонот кон книгата и книгата ’ОЖИВУВА‘. Се појавува приказната во аугментирана реалност!
„Проектот го работевме речиси година и пол. Целта ни беше да постигнеме совршен спој меѓу традиционалното и модерното. Ја избравме оваа приказна како класична приказна од Браќата Грим, позната секому... и ја споивме со модерната технологија. Сега читањето е повторно модерно! Аугментираната реалност во светот на книгите се појавува кај нас за првпат со овој проект и ветуваме дека нема да биде последен!“– ни изјавија од ПРОСВЕТНО ДЕЛО.
Апликацијата ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА денеска ја промовираа и пионерите на македонската јутјуб манија, GP и STEFFONATOR, кои беа мошне изненадени од она што го видоа!
Погледнете на следниов линк!