ПАНЧО СО ЕМОТИВЕН СТАТУС ЗА НЕГОВАТА МАЈКА: И после 4 години твоето отсуство секој ден е се повеќе присутно

Добивај вести на Viber

Владимир Блажев - Панчо или Диџеј Шорти Пи од секогаш важел за искрена личност. 

Пред 4 години се соочи со загубата на својата мајка а денес и посвети Фејсбук статус спомнувајќи си колку многу му недостига.

„На денешен ден си замина мојот најголем идол. Пред да заминеш ми велеше дека се ќе биде во ред и дека времето лечело се. Не е така, за прв пат ме излажа. Поминаа 4 години, а твоето отсуство секој ден е се повеќе присутно....... Среќен сум само дека си на подобро место, далеку од овој лицемерен свет полн со лага, омраза и завист. 
Некогаш и негде, таму горе ќе се видиме пак и ќе бидеме повторно ТИМ, но тогаш ти ВЕТУВАМ ЈАС, ќе бидеме засекогаш “, пишува во емотивниот статус на Владимир Блажев на социјалните мрежи.


Панчо на својата мајка ѝ ја посвети песната „Уште еден ден“, емотивна балада од последниот албум на „ДНК“. Кадрите за спотот, кој е симболика на нераскинливата врска меѓу мајката и детето, животот и смртта, се снимани во Марков манастир и на Козјак.

„Веднаш откако почина. Му се јавив на Лазе (нашиот продуцент Лазар Цветкоски) и му реков дека мора да дојдам и да ја извадам цела моја тага на хартија. Текстот го напишав речиси во еден здив, а Лазе отсвире се на самото снимање и направи според мене страшно добар аранжман полн со емоција. Слушнете ја внимателно отсвирената соло гитара, и ќе чуете колку плач и тага има во неа. Благодарен сум му доживотно, а од друга страна би сакал никогаш да не мораше да ја напишам“, кажа Панчо во интервјуто за Женски магазин.


За загубата на својата мајка Панчо зборуваше и во неодамнешното интервју за Женски магазин, во кое вели дека кога ќе помисли на неа му фали буквално се.

„Имавме чуден однос, јас бев дифтар, но таа секогаш беше полна со разбирање. Ми фали тоа да ме праша: Буби стаса? Кога ќе се вратев доцна од некој настап. А прво што секогаш се сеќавам е на нејзината смиреност, сталоженост и секогаш збор кажан на вистинско место. Ми фали многу тоа е факт но знам дека е на поубаво место“, кажа Панчо во интервјуто кое може да го прочитате тука.