Панталоните со широки ногавици се повторно во мода: Еве како да ги комбинирате со чевли

Добивај вести на Viber

Имајќи предвид дека имаат и висока половина, тие носат допир на елеганција и дух од минатите времиња во секојдневната облека.

По долгото владеење на панталони кои целосно ја истакнуваат формата на нозете, моделите со широки ногавици се вратија на модната сцена. Имајќи предвид дека имаат и висока половина, тие носат допир на елеганција и дух од минатите времиња во секојдневната облека. Ова е она што тие го имаат заедничко.


Сепак, постојат стотици варијации на „основниот модел“. На пример, забележителни се модели кои допираат до земја, но и со таканаречена миди  должина, што оставаат впечаток дека се малку кратки и најдобро одговараат на многу високи девојки. Во боите доминираат есенските тонови, од сенф до портокал.


Кога станува збор за дизајнот, пепитото и каро дизјанот се најзастапени, а за празнични прилики можете да изберете панталони во една боја, но брокат, со врежан рап по средината или со монистра вдолж ногавиците, во некои спротивставени бои. И за да бидете во чекор со трендот, носете панталони со широки ногавици со благо шпицасти салонки или рамни чевли со фенси метална платформа.