Папучи на сред плоштад „Македонија“: Да бидеме папучари и да ги следиме наредбите за останување дома

Добивај вести на Viber

Уметничката акција „Седете дома“ е намента да им помогне на граѓаните да истраат во физичката излолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. 

- За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома, но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој кој безпоговорно ги следи наредбите и советите, а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно. Со оваа акција како и со претходната акција (Држете дистанца) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала- велат организаторите.

Како и претходно и оваа акција ја посветуваат на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре на сите нас. Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.