Пар дознал дека нивните деца ќе ослепат поради ретка болест, па направиле неверојатна работа: Приказна која остава без зборови
Прво семејството се соочило со ужасни дијагнози, а потоа
родителите решиле да ги преземат работите во свои раце и да го извлечат
најдоброто од се‘!
Кога еден брачен пар од Канада дознал дека три од нивните четири деца постепено ќе го изгубат видот поради ретка генетска болест, биле преплашени. Едит Лемај и Себастиен Пелетие поминале низ процес на тагување, лутина и потрага по чудо за ретинитис пигментоза, наследна состојба без лек. Само нивната најстара ќерка е целосно здрава.
Како што нивната нова реалност станувала се‘ поизвесна, тие ја прифатиле дијагнозата, а родителите дошле до идеја која го оставила целиот свет без зборови.
„Тоа е нивниот пат - ајде да го искористиме најдоброто од тоа“, рече Едит.
Имено, тие решиле да ги земат своите четири деца и да го обиколат светот. Првично, целта била да се пополнат визуелните сеќавања на децата со „убави работи“ пред да го изгубат видот. Како што тргнале да истражуваат, тоа брзо еволуирало во уште побогато искуство. Покрај уживањето во прекрасната глетка, тие запознале нови луѓе, откриле различни култури и дознале за други начини на живот.
„Покрај визуелните спомени што ги добија, мислам дека добија и одлично животно искуство“, рече Себастиен.
Тајланд и Намибија, Непал, Оман, Занзибар - ова се само дел од необичните дестинации кои ги посетиле во текот на годината.
„Како родители, вие исто така еволуирате и, знаете, го гледате тоа со други очи“, рече Пелтиер.
Со нивното едногодишно магично патување кое заврши во април, семејството е среќно што се врати дома во Квебек. Родителите се отворени со своите деца за ретката болест на очите за да можат да си помогнат кога ќе дојде време и за губењето на видот да не биде целосен шок.
Фото: Инстаграм/ Printscreen Youtube - Good Morning America
Извор: стилкурир