Пар го изгубил новороденчето: По 4 дена добиле вест дека дома нема да си одат сами!

Добивај вести на Viber

ФОТО: Принтскрин YouTube

Додека родителите се подготвувале да тагуваат за изгубеното новороденче, им пришла медицинска сестра за да им каже дека сепак нема да си одат сами дома.

Како и многу други млади парови, Кејти и Џош Батлер сакале семејство и биле пресреќни кога Кејти забременилa. Но, тие штотуку го започнале своето патување кон родителството кога се случил трагичниот крај.

Кога Кејти отишла на ултразвук во 20-та недела од бременоста, било очигледно дека бебето не се развива нормално. Иако лекарите имале цел список за тоа што можело да го предизвика, никој не можел да ја посочи точната причина.

Кога се родил малиот Дјуи, веднаш бил однесен на интензивна нега, но набрзо починал. Додека Кејти и Џош се подготвувале да тагуваат, медицинската сестра им пришла за да им каже дека сепак нема да си одат сами дома.

Се што сакале Кејти и Џош била нормална бременост, но судбината имала други планови за овој пар. Кејти изјавила:

„Очекувавме совршена бременост и сакавме се да помине природно, но на крајот моравме секоја недела да одиме на лекар за преглед на детето.

Болеста на Дјуи била толку ретка што лекарите не знаеле што да очекуваат. Но, овој пар сепак бил оптимист. Тие не се откажале од своето дете.

„Знаевме дека секој ден е скапоцен. Купивме поголема маса за еден ден да си ги носи пријателите дома, и му ја уредивме собата“.

Кога имал 123 дена, Дјуи требало да се храни преку цевче, но за жал не можел да ја преживее операцијата. Неговото мало срце не можело да издржи.

„Се чувствував толку виновен, но исто така се чувствував и малку олеснето бидејќи знаев дека тој конечно е излечен и дека повторно ќе го видам“.

Парот се свртел кон Бога

Откако биле совладани со чувство на вина, оваа двојка се обратила кон Бога за помош да го преболат овој тежок настан. Дури кога Кејти и Џош почнале да го слават животот на нивниот син, се случило вистинско чудо.

Една од медицинските сестри им се јавила за да им каже дека на петтиот кат има бебе на кое очајно му требаат родители.

„Се молев повторно да имам бебе. За прв пат почувствував како е да се биде мајка“.

Кејти и Џош не знаеле што да очекуваат, но четири дена подоцна го запознале малото момче Брекс.

Брекс е роден предвреме (во 27 недела), а како и нивниот син Дјуи имал многу проблеми и поради тоа никогаш не ја напуштил болницата во 11-те месеци откако се родил. Имал проблеми со белите дробови, проблеми со дишењето и бил на кислород. Но, за разлика од Дјуи, неговото здравје можело да се подобри со возраста.

Прашањето било што ќе се направи следно. Кејти и Џош го однеле Брекс дома и му дале дом додека официјално не го посвоиле неколку месеци подоцна.

„Штом го донесовме дома, неговата состојба почна да се подобрува. Уште треба да се поврзува со кислород, но сега полесно се храни. Тој не препознава и реагира многу добро. Нашето семејство одлично го прифати. Ја имаме сета оваа љубов кон Дјуи и сакаме да го опсипеме Брекс со неа“.

Кога времињата беа најтешки за овој пар, нивната вера ги довела до светлината и во прегратките на момчето кое требало да стане нивни син. Со помош на Бога и малиот ангел Дјуи, оваа двојка сега може да му ја даде својата љубов на прекрасното момче Брекс.