Парленд хоспиталити груп ги отвори вратите за студентите од Универзитетот Гоце Делчев во Штип

Добивај вести на Viber

Паркленд хоспиталити груп, потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ) при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип.

Целта на оваа соработка е студентите да добијат практично искуство од областа на туризмот, хотелиерството и гастрономијата, во еден од најдобрите хотелско-угостителски објекти во земјава.

Од Универзитетот велат дека оваа соработка ќе да донесе практична димензија на теоретскиот дел од наставата во практична успешна работа.

Меморандумот го потпишаа Горан Ташков, генерален директор на Паркленд хоспиталити груп, деканката на Факултетот проф.д-р Татјана Бошков и раководителката на Катедрата Бизнис логистика доц.д-р Анета Стојановска-Стефанова.

- Преку овој меморандум, ќе се вклучиме во значајна размена на искуства и знаења, овозможувајќи им на студентите да стекнат вредни сознанија за најновите трендови, практики и техники во оваа област. Големо задоволство е да се работи со студенти, да го пренесеме нашето искуство и притоа да придонесеме за развојот во оваа индустија која несомнено постојано се менува и расте.  Секое вложување во образованието е влог во иднината. Со нетрпение ги очекуваме студентите во нашиот хотел и посакуваме дел од нив еден ден да бидат и наши колеги, вели Ташков, генерален директор на Паркленд хоспиталити груп.

Деканката проф.д-р Бошков изјави дека дека заедничка цел е да се едуцираат, мотивираат и заедно со Парленд хоспиталити груп да генерираат квалитетни кадри.

- Меморандумот е одлична основа да се зголеми практичната димензија на наставата на нашите насоки, но и да се креира простор за заеднички апликативни и стручни проекти помеѓу професорите и компанијата. Преку оваа соработка во иднина создаваме можност за пренесување искуствени знаења и за вработување на нашите студенти”- изјави раководителот на Катедрата Бизнис логистика при ФТБЛ, доц.д-р Стојановска-Стефанова.

пр објава