Патувајте сигурно со Кроација осигурување: интересни предлози за овој викенд!
Престојот во природа и редовната физичка активност се навики кои го штитат здравјето, а за наша среќа, живееме во земја каде природните убавини и пространствата едноставно не’ повикуваат да излеземе да ги истражиме. На која страна и да тргнеме, патот ќе не’ одведе до некое ново место кое досега не сме го откриле, а за кое ќе раскажуваме уште долго откако ќе заврши нашата авантура.
Сеќавањата од патувањата се вистински извор на среќа, искуство кое ќе остане со нас целиот живот. Краткотрајната дисконектираност од нашата нормална средина на која веќе сме се адаптирале е одличен начин за креирање среќни и трајни сеќавања кои тешко се забораваат или се заменуваат. Ви треба само желба, мал џепарац, ентузијазам и секако најсигурниот партнер Кроација осигурување, за да секое патување биде безгрижно! Осигурување од повреда или здравствено осигурување за патувања во земјава, или патничко осигурување за патување надвор од земјава.
Ако и понатаму не можете да се одлучите каде да одите и кои места да ги посетите, тогаш се надеваме дека нашите предлози ќе ви дадат барем некаква идеја каде да одите следниот викенд.
Разгледајте ја Шар Планина на велосипед
Можеби требаше да се случи многу одамна, но од неодамна Шар Планина беше прогласена за четвртиот национален парк во Македонија. Планинскиот предел долг 80 километри и широк 30 километри изобилува со природни убавини. На планината има околу стотина извори, а Шар Планина е и трета по ред на Балканот по бројот на глацијални езера, кој изнесува 30, од кои 21 се постојани. За вистинските авантуристи, сега е вистинската шанса да ја доживеат Шара на вистинскиот начин – преку разгледување на велосипед.
Летајте над Скопје со балон на топол воздух
А сега, за едно сосем поинакво доживување. За првпат во Македонија, ви се нуди шанса да ја разгледате прекрасната околина од високо, преку летовите со балон на топол воздух кои се изведуваат над Стенковец.
Мирен викенд во медитеранскиот Дојран
Дојран е место кое многумина од вас веројатно одамна го немаат посетено, а сигурно би се изненадиле од тоа колку ова мало гратче е променето во последните неколку години. Воздушно е оддалечено само 60 км од егејско море, и тоа се чувствува во воздухот. Домашниот крап е нешто посебно!
А ако можете да си дозволите и некоја подалечна дестинација, во овој период од годината интересни се Дубаи, Барселона или Малдиви.
Кроација полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремен престој во странство и гарантира покривање на евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош заради ненадејна болест или последици од несреќен случај – незгода. Во соработка со Europ Assistance Кроација ви нуди најквалитетно патничко осигурување за сите дестинации во светот, како и за соседните земји.
Тестирајте ја вашата вештина набрзина да се спакувате и да го направите првиот чекор. Со брзина на светлината ги пакувате куферите со најнеопходните парчиња облека, го вклучувате омилениот музички албум и го напуштате секојдневието во градот.
Инвестирајте ги тешко заработените пари во искуства и на тој начин ќе инвестирате во долгорочна среќа и задоволство, а сето тоа овозможено од вашата Кроација Осигурување. За повеќе информации на contact@crosig.mkили на 15 599.