Пејачот Ламбе Алабаковски го запалил клубот „Иван Михајлов“

Пејачот Ламбе Алабаковски е уапсениот потпалувач на влезот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола, неофицијално дознава „Слободен печат“ .

Алабаковски неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека сторителот Л.А.(34) од Битола го предизвикал инцидентот во саботата рабо наутро. Пејачот беше најавен дека ќе настапи на мега концертот на „Меморија“ во сабота како специјален гостин.

Описот на пироманот од Битола, го даде бугарската министерка Теодора Генчовска која веднаш по настанот се упати од Скопје во Битола каде беше брифирана за сторителот во полициската станица. Повеќе детали на Фактор.мк