Пеколна одмазда на 94 годишната баба Дорис: Ја опијанила љубовницата на нејзиноот неверен сопруг, а она што го направила потоа е хит (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Поради нејзините смешни видеа и искреност, баба Дорис е многу популарна на интернет.

Жените ширум светот едноставно ја обожаваат баба Дорис. Таа стана популарна на социјалните мрежи бидејќи е искрена со луѓето и споделува ситуации од нејзиниот живот. Таа има 94 години и живее во Калифорнија, а внукот и помага да снима и објавува видеа на интернет.

Фината баба ги воодушевила жените со приказната - што направила кога дознала дека сопругот ја изневерува. Повеќето жени се изненадени од нејзиното однесување. Баба Дорис не сакала да ги фати сопругот и неговата љубовница на дело и да направи сцена, туку ја поканила жената на вечера. Отишле во ресторан, љубовницата се напила и направила хаос во ресторанот. Дорис потоа го повикала нејзиниот сопруг да дојде да ја земе неговата љубовница.

Во клипот, кој го погледнале милиони луѓе на Тик Ток и другите социјални мрежи, внукот ја прашува баба Дорис што се случило, а таа вели:

- Излеговме и почнавме да пиеме. Не испив многу, само и ја полнев чашата и ѝ реков: „Подобро да одиме да јадеме па да си одиме дома. Беше пијана, главата и паѓаше во чинијата со храна. Му се јавив на сопругот и реков: Дојди и земи ја твојата дама“. Лицето и беше намачкано со храна – изјавила Дорис.

Луѓето кои го гледаа тоа видео на TikTok напишаа бројни коментари подолу, а сите беа воодушевени од однесувањето на баба Дорис, нејзиниот став. Ја фалат за нејзината чесност и снаодливост.

-Неверојатна жена, те сакам бабо!, Ви благодариме за овие објави, Навистина си царица! – се само дел од коментарите.

@sassygran How she felt about her husbands mistress . (FYI the mistress knew he was married)#sassygran original sound - Giovanni and Doris