ПЕНКА МУКАЕТОВА ДОБИТНИК НА ПРИЗНАНИЕТО „ДАМА ГОДИНЕ“

Добивај вести на Viber

Белград петта година по ред, јубилејно го посведочи доделувањето на признанието ДАМА ГОДИНЕ 2018 од страна на Здружението Дете у Срцу, на прекрасно организирана гала свеченост од затворен тип и во присуство на истакнати дами од приватниот, јавниот и општествениот живот.


Ова признание симболизира поздрав за успешноста на жената, нејзината софистицираност, убавина и посебност. Но, уште повеќе, тоа е потврда за квалитетот и посветеноста во работата, талентот и вредноста на личноста. Признанието е со интернационален карактер и беше доделено на дами од поширокиот југоисточен регион на Европа.


Наша огрома гордост е фактот дека оваа година признанието ДАМА ГОДИНЕ за прв пат беше доделено и на лауреат од Р. Македонија. Статуетката, целосно заслужено, беше примена од Пенка Мукаетова, сопственик и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, како валидација на нејзиниот особен придонес во бизнис заедницата.


Пенка Мукаетова во својот поздравен говор ја истакна својата надеж дека мостот кој се изгради преку признанието ќе остане цврсто да стои и во годините кои доаѓаат, за на истата сцена да се проследат уште многу жени кои покажале што значи да си дама. Правејќи осврт на својата работа, таа потсети зошто нејзината компанија е лидер во своето поле на дејствување: „Денес, на македонскиот пазар и пошироко, мојата компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП е водечка консултантска компанија и синоним за комплетен правен сервис кој обезбедува целосна правна поддршка. За тоа, се особено заслужни луѓето кои го сочинуваат мојот тим, кои ме следат во чекор и кои секојдневно ги докажуваат своите стручност и креативност“.

Пред да биде испратена од сцената со сеопшт аплауз, Пенка Мукаетова го изрази своето уверување дека добиеното признание е потврда на идејата дека напорната работа, вложениот труд, неуморливоста и амбицијата СЕКОГАШ водат кон успех!