Пештера Убавица во гостиварско: Невидена убавина која може да ја посетите со стручен водич
Нашата земја никогаш не престанува да изненадува со своите природни македонски убавини. Овојпат ве запознаваме одблиску со една од најубавите пештери во Македонија, како што гласи и нејзиното име „Убавица“. Дашмир Османи од Општина Гостивар детално ни раскажа сѐ што треба да знаеме и зошто мора да ја посетиме оваа убавина.
* Во последната година, во неколку наврати по социјалните медиуми се споделија информации и фотографии за пештерата Убавица и предизвикаа многу интерес помеѓу луѓето. Каде поточно се наоѓа пештерата Убавица, и како дојдовте до идеја да започнете проект токму за неа?
- Секако, од многу страни имаше интерес за да се запознаат со нашата „Убавица“, и затоа бевме поканети во неколку локални и национални медимуи каде раскажавме и споделивме видео записи за тоа што се случува со проектните активности при што успеавме на пошироката јавност да им ги доловиме убавините кои ги има пештарата. Граѓаните има можност да ја следат емисијата на ТВ Алсат, бевме поканети исто така во ТВ Клан, а многу портали како и локални медимуи ТВ2, ТВ Глоби и други ги споделија информациите за нашите активности во рамки на проектот „Зајакнување на локалните актери за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица“ кој е финансиран од ЕУ преку Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, вредна над четири милиони евра, што ја спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина.
Пештерата Убавица се наоѓа околу 10 км од Гостивар, јужниот предел на градот, во близина на село Ѓоновица.
Идејата за започнување на проект за пештерата Убавица е производ на дологогодишната соработка со италијанските спелеолози. СП „Кораби“ има плодна соработка со италијанските спелеолози кои пред неколку години беа поканети и примени од страна на Општина Гостивар при што ги започнаа истражувањата на пештерите во пределот на северна и западна Македонија.
* Колку се луѓето од Гостивар и Македонија, свесни за постоењето и убавините во пештерата Убавица и генерално пештерите во Македонија?
- Пештерите како во Гостивар така и во Македонија постојат повеќе како митови, за нив се плетат разни приказни и верувања во делот каде тие постојат. Истите верувања ги имаат и луѓето кои живеат во близина на пештерата Убавица. Малку се знае за нивното постоење, убавините, флората и фауната, и др., дел од граѓаните посетиле дел или влезот на пештерата, но никако не се обидувале, ниту имале средства (опрема) и можности за да дознаат повеќе.
Во текот на минатите години се направени неколку обиди, но и постојат нови сознанија и истражувања за пештерите со спремноста која ја покажаа неколку здруженија на спелеолози во Македонија, но, секако сите овие истражувања се направени со помошта која се нуди од странските спелеолошки друштва.
* Кои активности ги спроведовте во рамките на проектот за одржливо управување со пештерата Убавица?
- Во рамките на горенаведениот проект можеме да ги истакнеме следните активности и тоа:
- Подготовка, реконструкција и инвестиции за создавање на Спселолошки тренинг центар во село Вруток – Гостивар, Општинска зграда во склоп на Општина Гостивар
- Подготовка на стручен тим за реализација на обуки за локални спелелози
- Обавена стручна обука за спелеолози – теоретска и практична обука за спелеолози – обучени 12 локални спелеолози (обуката ја спроведе италијанското здружените „Персефоне есплоразиони“)
- Набавена стручна опрема и други додатоци за спелеолози, комплет опрема за 6 лица (опремата е набавена од Италија)
- Работа на терен – извршени се неколку инвестиции во влезот на пештерата Убавица (израмнет и е исчистен е делот на влезот, поставени степеници, голем дрвен билбоард, поставена маса и седишта со покрив за посетители итн.)
Во делот на истражувања:
- Нови ендемични видови, податоци и анализи за биодиверзитетот во пештерата
- Геолошки квалитативни и квантитативни резултати
- Анализа на квалитетот на пештерската вода
- 3Д визуелизација на Пештерата - Виртуелна тура за пошироката јавност
- Добиени се нови сознанија и информации за пештерата, согласно кои се втемелуват препораки и упатства, мерки за заштита на споменикот на природата како и конзервација и мерките за мониторинг на пештерата
* Дали секој може да ја посети пештерата или за тоа се потребни посебни вештини и водичи?
- Посета на пештерите без стручен водич е опасна. Нагласуваме дека е од голема важност сите заинтересирани да контактираат со надлежни стручни лица, но и да обезбедат стручна опрема, како и вештини при посета на пештера. Пештерата Убавица е хоризонтална, но во секој период од годината не може да се посети поради зголемување на протокот на водата, која се наоѓа речиси во текот на целиот предел на пештерата. Доколку се јават заинтересирани, истите ќе треба да се упатат до СК „Кораби“ кои имаат од наведениот проект соодветна опрема, што може да се користи, но за мали групи на посетители.
* Вашата соработка со експертите спелеолози од Италија освен што доведе до научни информации за флората и фауната во пештерата резултираше и со меѓународна промоција на пештерата и партнерството помеѓу Спелеолошкиот Клуб „Кораби“ од Гостивар и Спелеолошкиот Клуб „Persephone Esplorazioni“ од Италија.
- За време на студиската посета се посетени неколку општини во кои има и пештери, меѓу нив е и општината Сан Деметрио, во близина на овој град се наоѓа пештерата СТИФЕ која е меѓу најпознатите во Италија. Во текот на посетата се развиени дискусии и размена на искуства околу тоа кои се улогите на општината и спелеолошките здруженија во делот на управување со пештерата. Посетени се здруженијата и пештерата, а во целиот тој циклус на посети развиени се дискусии околу делот на обврските на терен кои ги имаат екипите на општината но и здруженијата. Во оваа посета во Италија претставниците на Општина Гостивар и СК „Кораби“ има можност да бидат и во меѓународниот конгрес на спелеолози кој се одржа во гратчето Каселио во кој претставниците на спелеолошкиот клуб „Кораби“, заедно со колегите од италијанското спелеолошко друштво „Персефоне“, кои веќе направија први истражувања на пештерата Убавица, ги споделија искуствата со светски имиња во оваа област околу управувањето, заштитата и мониторингот на пештерите. Преку изложба на слики од пештери во Македонија информираа за обуката на локални спелеолози во Спелеолошки трениниг центар во Вруток, прикажаа мостри од пештерата Убавица, текот на веќе започнатите во тоа време геолошки и микробиолошки анализи, како и материјали од топографското ласерско снимање на пештерата во 3Д технологија.
Промоцијата на проектот и активностите кои се реализира во пештерата Убавица се објавени и презентирани во Меѓународната средба на спелеолози која се одржува секоја година во Италија, а на која учествуваа над 2500 спелеолози од целиот свет, а целта на овие средби е презентација на истражувањата за зачувување на природните наследства и нивна промоција како туристички дестинации.
* Како подобро да се запознаат граѓаните со убавините на пештерата Убавица?
- Во текот на реализација на проектот се подготвија промотивни материјали, но и книга за обука за спелеолози која е прва од ваков вид во Македонија и регионот. Книгата е преведена од италијански на македонски и албански со полномоштвото кое го добивме од страна на Федерацијата на Италијанскиот спелeолози. Истата е споделена на здруженија и граѓани заинтересирани за вештините, алатките и техниките кои се употребуваат при посета на разни хоризонтални и вертикални пештери. За граѓаните кои би сакале да ја посетат пештерата Убавица на виртуален начин постои 3Д виртуелната тура која е создадена по топографското скенирање на пештерата од страна на италијанските експерти, истите можат да ја посетат преку линкот:
http://www.studiotecnicomt.it/Virtual_tour/Ubavica_Cave/05-Tour/Ubavica_2018.html
Д.Караташова