Пет лаги во кои веруваат мајките кога ќе добијат бебе

„Повеќе никогаш нема да можам...“ најчестата реченица која можеме да ја слушнеме од жена која станала мајка за првпат. Погледнете во што мајките навистина веруваат, иако е апсолутно неточно.

# Никогаш повеќе нема да спијам во текот на ноќта

Физички би било невозможно било која мајка засекогаш да има лош сон. Секогаш имајте на ум дека ова е само фаза. Вашето дете ќе почне да спие во текот на ноќта. Ќе дојде денот кога ќе спиете ноќе и ќе се разбудите свежи.

# Нема повеќе да патувам, ниту да правам забавни работи

И мајките се луѓе. Да, некое време сепак ќе мора да бидете во близина на домот, но ќе дојде време кога повторно ќе имате време за себе. Ќе излегувате со пријателите, ќе одите на патувања и ќе имате разни авантури. Повторно ќе бидете она што сте. 

# Телото ми е уништено

Океј, вашето тело навистина изгледа лошо, лицете е проголтано од темните подочњаци и не можете да замислите како е нормално да се седи на столче. Ќе бидете зачудени кога ќе забележите колку вашето тело е способно да се менува, но во исто време да се врати во својата стара положба. Можеби нема да биде идентично како пред бебето, но ќе биде слично. Само дајте си време на себе.

# Никогаш повеќе нема да бидеме сами сопругот и јас

Децата не ја окупираат само куќата, туку и спалната соба. Но, знаете што - ова е само привремено. Со текот на времето децата ќе си го пронајдат својот простор во домот. Ќе спијат и ќе одат еден период и во училиште. Не се откажувајте од романтиката со сопругот.

# Никогаш нема да ја соблечам оваа облека и да излезам од дома

Со првото бебе, навистина ќе имате чувство дека секогаш сте во некоја стара и валкана облека. Во еден момент во блиска иднина ќе се средите, нашминката и ќе изгледате совршено. Верувајте ни зборовите.