Пет работи за кои мажите најмногу фантазираат во сексот

Дали и вие фантазирате за ова?

Сексот на јавно место или пред странци е една од најчестите машки фантазии. Тоа е една од оние фантазии кои секогаш се на врвот на листата на сексуални желби.

Секс во тројка

Мажите би сакале барем еднаш во животот да искусат како е да се има две партнерки во кревет. Кој маж не би бил среќен во кревет со две (или повеќе) девојки кои го „задоволуваат“?

Доминација

Сексуалната контрола врз партнерот и нејзиното целосно потчинување на некои мажи е врвниот афродизијак бидејќи тие целосно го прилагодуваат сексот на себе и на своите желби. Нејзините потреби не се важни. Чувството на моќ што го добиваат во оваа ситуација е многу опојно и штом ќе го пробаат, ќе сакаат повеќе ...

Во јавност

Сексот на јавно место или пред странци е една од најчестите машки фантазии. Тоа е една од оние фантазии кои секогаш се на врвот на листата на сексуални желби. Иако дури 43 отсто од мажите ќе фантазираат за секс на јавно место, само мал дел ќе се одлучат за тоа.

Огледала

Мажите сакаат визуелна стимулација, затоа стриптизот е толку популарен. И за нивна жал, за време на сексот не секогаш имаат најдобар поглед на се што се случува. Затоа сексот со големо огледало, кое дава можност да ужива во самиот чин додека ја гледате акцијата, е многу привлечен за секој маж.

Секс со странец

Ова е почесто женска отколку машка фантазија, но тоа не значи дека мажите не сакаат да ја чувствуваат истата страст со странец, кого никогаш повеќе нема да го видат. Едноставно има нешто во тоа што тоа е само еден момент во животот и дека човек нема влијание или контрола врз друга личност, пишува порталот You Queen.

Споделување на партнери

Некои мажи сметаат дека е многу привлечно да ја делат партнерката со друг маж. Има нешто понижувачко во целата идеја дека во неговата фантазија тој не е доминантниот, единствениот и најдобриот пастув во креветот, што за некого може да биде многу возбудливо. Сексот на партнерот со друга личност ја поттикнува неговата природна желба да се натпреварува, да биде прв, најдобар и единствен ...

Имагинацијата е имагинација, но ако некој одлучи да ги испроба своите фантазии со партнерот, многу е важно добро да комуницира што точно сака и до каде е подготвен да оди. За жал, понекогаш сексуалните фантазии можат да станат преголеми за еден или двајцата партнери, и тогаш е важно луѓето да се договорат за сигнал кој ќе го означи крајот на играта.


ФОТО: Фрипик