Пет совети на француската модна кралица кои ќе ви помогнат да изгледате како ѕвезда

Добивај вести на Viber

Французинката Карин Ројтфелд, од 2001 до 2011 година беше уредничка на модниот магазин Вог.

Таа важи за една од најдобро облечените жени во светот. Ова 63 годишна Французинка, за списанието „Стилист“ ја откри тајната на нејзиното облекување и сподели совети  како секоја жена може да го пронајде својот стил.

1.  Никогаш не можете да имате премногу црни здолништа

Модните кралици секогаш имаат некое модно парче кое е основно за нивната комбинација. За Карин тоа е црното здолниште.

-  Купувам многу црни здолништа. Имам 20 верзии на исто здолниште.


2.  Игнорирајте ги трендовите

Сите носат облека со цветен принт, а вие не можете да ја смислите? Тогаш не ни помислувајте да купите парчиња со цветен дизајн, без оглед на тоа колку и да се популарни. Трендовите доаѓаат и поминуваат, но класиката никогаш не излегува од мода.


3.  Избегнувајте да ги копирате комбинациите од модните писти

Не ви препорачувам да копирате нешто што ќе го видите на модните писти. Секаде ќе видите имитации. Сите ќе носат исти блузи со ист дезен кој брзо ќе ви здосади.

4.  Не ја фрлајте облеката

Можеби не сте доволно способни за тоа, но затоа секогаш може да ги искористите услугите на кројачка. Прекројте ја старата облека, од долгите фустани направете кратки, променете го изгледот на вашето здолниште, прилагодете ја должината на вашата висина.

5.  Запознајте го вашето тело

Мојот стил е едноставен и многу специфичен. Многу години поминав купувајќи облека која ја прекројував бидејќи не ми се допаѓаше како ми стоеше.  Кога го познавате обликот на вашето тело, ќе знаете како да се облечете.