Пет совети од Изабела Роселини за добар изглед и поубав живот

Добивај вести на Viber

Италијанската актерка, режисерка, манекенка и писателка Изабела Роселини е позната по несекојдневната убавина, глума, шарм и јасни ставови за животот, уметноста и убавината.

Долго време беше заштитно лице на коземтиката „Ланком“ - 14 години, но кога наполни 43 години и дадоа отказ. Причината апсурдна - престара била!

„Ми рекоа дека рекламите ги прикажуваат женските соништа, не реалност, и дека жените сонуваат за тоа да бидат млади. И морав да си одам. Беше тоа многу неправедно“, рекла Изабела . После тоа останала и без други ангажмани, како моделски така и филмски.


„Не можам да кажам дека не сум била тажна. Знам да позирам, имам многу искуство, но немав кому да му го понудам. Беше болно“, вели Роселини.

Пред две години ја повикале повторно од „Ланком“ ѝ и понудиле работа. Поминале 20 години откако и рекле дека е премногу стара и не и било јасно зошто сега ја викаат.

Во меѓувреме, животот целосно и се променил.Таа се преселила на фарма во Лонг Ајланд каде одгледувала органско овошје и се посветила на одгледување и грижа на животни.

Сепак, хармизматичната бринета го задржала својот дух и споделила што ја прави толку витална, силна и омилена.

Дневна рутина

-Уште кога бев мала, користев креми. Сега, користам крема за лице, против брчки околу очи, како и крема за сончање која ја ставам и во зима.

Хируршки зафати

„Мислам дека таквите операции се личен избор - ако некој сака тоа да го направи, нека го направи. Родена сум со деформитет на кичмата и имав неколку операции и самата помисла дека треба да одам во болница ми предизвикува страв. Таа за ботоксот вели-поседувам органска фарма и навистина ми е несфатливо некој да јаде органска храна, но да вбризгува отровни инјекции.

Позитивно размислување

„Тоа е дел од мојот живот, имам впечаток дека сум родена радосна. Среќата е дисциплина, она што го имаме и да се чувствуваме благодарни. Не е дека станувам секое утро и кажува дека се е во ред-ме нервираат брчки, но карминот се уште одлично ми стои.


Облекување

„Не постои само еден начин да изгледате елегантно-облекување и шминкање сепак се некои од пораките, работи кои ни помагаат да се презентираме себе на најдобар начин. Елеганцијата е работа на умот, специфичниот ум“!

Љубопитноста како мотивација

„Тоа исто така е дел од мојата природа, но и повик како актерка. Љубопитна сум и кога пишувам и кога глумам и мислам дека тоа е неопходно за да би биле успешни. Што повеќе да сознаванме, истражуваме“