Пет знаци кои покажуваат дека сте го одбрале идеалното име за своето дете

Изборот на името може да биде стресен...

Овие пет едноставни знаци може да ви покажат дали добро сте го одбрале името за своето дете:

1. Предизвикува насмевка

Кога ќе кажете кое име сте го одбрале, поголемиот број луѓе се насмевнуваат. Името не предизвикува чудење и чудни погледи.

2. Расне со вашето дете

Името одговара и на бебе и на возрасна личност, без разлика дали вашето дете ќе стане рок ѕвезда или претседател на државата.

3. Има посебно значење за вас

Доколку на детето му дадете име по личност која ви е драга во животот,ќе ви значи многу и на вас и на вашето дете, без разлика дали станува збор за вашата прабаба или лик од омилената книга.

4. Сакате да го изговарате

Името совршено одговара со вашето презиме и едвај чекате да почнете да го користите пред детето и сите други.

5. Му одговара на вашето дете

Кога првпат ќе го видите своето бебе, едноставно знаете дека добро сте го одбрале.

Извор: prva.rs