Петар Стојковски од Витаминка се стекна со најпрестижното признание „Business Elite’s 40 under 40“

Добивај вести на Viber

 Петар Стојковски, директорот за продажба за српскиот пазар од Витаминка, е еден од 40те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма. Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстувањето на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажаните резултати на меѓународно ниво.

„Стекнувањето со едно вакво признание е голема чест но и можност за отворање нови видици и перспективи. Со претставување на иновативноста и визионерството на добитниците, се отвораат неограничени можности за успех и тоа не само на индивидуален туку и на колективен план, пред се за компанијата и воопшто за деловните капацитети на земјата”, вели Петар Стојковски од Витаминка.

Наградата „40 under 40“ претставува една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.

Business Elite’s 40 under 40 како бренд на Global Top Brand Awards е програма која ги препознава и ги признава успешните луѓе од бизнисот и ги вмрежува со цел зголемување на нивниот бизнис и профит и основа за идна соработка. Церемонијата „Business Elite’s 40 under 40“ се одржа во Амстердам во грандиозната Huis Bartolotti каде што официјално беа доделени статуетките на 40те најамбициозни и најуспешни млади бизнис лидери, визионери, иноватори под 40 години, од 10 земји од Источна Европа меѓу кои и Македонија.