Петка за среќа: Оваа година првата радост на Тамара Тодевска доби роденска забава

Добивај вести на Viber

Вчера пејачката имаше голем повод за славење...

Првата радост и наследничка на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски - Мачка вчера наполни 5 години. Иако минатата година, славеше карантински роденден во Гевгелија, оваа година Хана си доби мала забава.

Со ограничен број на гости и секако покрај своите родители, Хана ги дувна петте свеќички на роденденската торта. Среќата на лицето ја улови и објективот, а неколку фотографии од атмосферата сподели гордата мајка Тамара.

„5 - ка за мојата Хана. Благодарам на сите на убавите желби и честитки“ - напиша пејачката покрај фотките кои ги сподели на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)