„Пијалаците немаат предрасуди“ - Пивара Скопје и ГЕА наздравуваат за свет без стереотипи и дискриминација

Добивај вести на Viber

Како компанија која е лидер на пазарот повеќе од 100 години, Пивара Скопје има голема улога и одговорност кон општеството. Затоа се стреми да биде пример за заедницата и да ги помести границите во секоја сфера преку позитивни практики кои се дел од работната култура но и секојдневното функционирање. Една од најважните стратешки определби на Пивара Скопје е и градењето на инклузивна средина во која секој поединец ќе има еднакви можности за раст и развој, но и ќе се чувствува целосно слободен и поддржан.

Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА, пак, се стреми да придонесе за унапредување на родовата еднаквост на работното место, односно еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. Алијансата е насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место.

По тој повод, Пивара Скопје  и  ГЕА, заеднички организираа неформално дружење под мотото Пијалаците немаат предрасуди“(”Drinks Have No Biases”), на кое присуствуваа инспиративни личности од различни сфери на нашето општество. На овој настан беа споделени позитивните примери од компанијата за начинот на којшто ги едуцира своите луѓе за важноста на тоа да се скршат стереотипите и предрасудите во општеството поврзани со работното место.


„Тука во Пивара Скопје се стремиме да градиме партнерства и заедништво. Разновидноста во нашите тимови ни помага во остварување на нашите амбиции и бизнис планови и полесно надминување на предизвиците. Наша силна заложба е секој наш вработен да се чувствува целосно поддржан од организацијата и мотивиран слободно да ги споделува своите ставови и мислења. А кога тимовите се охрабрени, отворени и балансирани, тогаш одлуките кои се носат се издржани и сеопфатни, а тоа нам ни помага заедно да растеме и заедно да создаваме нови успеси.За нашата посветеност на ова поле сведочи и фактот што 50% oд менаџерските позиции кај нас ги држат жени “, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.

“Kомпаниите треба да преземат водечка улога во промовирањето на родовата еднаквост на работното место, како и да бидат пример за другите во општеството. Драго ни е што Пивара Скопје - компанија која што има значаен импакт на домашната економија се приклучи на Алијансата за родова еднаквост на работното место - ГЕА и презема активна улога во промовирањето на тимови со еднаква застапеност, еднакви можности и еднакво вреднување на нивниот труд. Се надеваме дека со оваа соработка ќе влијаеме индиректно и на другите компании во насока на подобрување на еднаквоста на работното место, бидјеќи како што укажуваат и многубројните интернационални истражувања, компаниите со еднаква застапеност на двата пола во нивните тимови остваруваат подобри бизнис перформанси.” , изјави претседателката на ГЕА, Д-р Нина Ангеловска.

Секој од нас, индивидуално, но и сите заедно се стремиме за еднаков свет – свет без предрасуди, стереотипи и дискриминација.


ПР објава