Писмо до мажот, кој ќе се ожени со мојата најдобра пријателка
Искрено, не сум најдобриот човек кој може да зборува за бракови и успешни врски, но сепак ти си човекот кој ќе тргне на долга авантура со една од најважните жени во мојот живот, па имам што да ти кажам .
Ако морам да ја опишам со еден збор врската што таа ќе ти ја даде, во мојата глава ќе се појави "константа". Само затоа што секогаш е на вистинското место во вистинско време кога ти треба. Таа нема да биде човекот кој ќе замине по првата сериозна пречка што ќе дојде на вашиот пат. Напротив, таа ќе биде секогаш до тебе, дури и понекогаш да не го сакаш тоа, но никогаш нема да те предаде.
Имав цела листа на работи кои сакав да те замолам да ги правиш или не во твојот брак со неа. Но, вистината е една, јас само сакам да бидеш до неа, без оглед на тоа што ќе ти подготви иднината.
Таа е навистина прекрасна жена, и не постои сомнеж за тоа, но тие веќе го знае тоа, нели? Она што сакам да ти го кажам е дека таа не е совршена. Биди трпелив со неа во време на неволја, бидејќи дури и таа може да згреши некаде во вашиот живот заедно. Не е важно кој е во право и кој не е во право, затоа што од сега па натаму треба да бидете заедно против сите тешкотии.
Не и се лути кога е лош и тешка, а радувај се дека си се оженил за жена која знае како да се грижи за себе и да заземе позиција. Понекогаш таа ќе се бори со тебе, но најмногу ќе се бори за тебе, твојот брак и твојата љубов.
Биди среќен со неа, човеку! Бидејќи веќе си дел од неа, и таа е дел од тебе. Секоја одлука што ќе ја донесете е тула во вашиот брак, и зависи од вас да одлучите колку ќе бидат здрави ѕидовите на вашата љубов.
Фото: iStock/Guliver