Пиво за здравица: Еве како изгледа Сузана Гавазова со сопругот во Минхен на „Октоберфест“
Фолк-пејачката Сузана Гавазова на Инстаграм се пофали со фотографии од најголемиот пивски фестивал во Минхен-Германија, „Октоберфест“.
Пејачката на фестивалот била во друштво на нејзиниот сопруг Јасмин. Сузана за оваа пригода одбрала кежуал облека, црни панталони и бела блуза. Високите потпетици ги заменила со бели патики, издание во кое ретко имаме можност да ја видиме пејачката.
На Инстаграм таа пренесе дел од атмосферата на фестивалот каде илјадници луѓе уживаат во вкусот на пивото.
Фестивалот почна на 21-ви септември, а ќе заврши на 6-ти октомври.
Оваа година фестивалот се одржува по 189-ти пат, на кој се очекува посетителите да испијат преку 5,6 милиони литри пиво, од шест локални пиварници.
Во новиот шатор, наречен Boandlkramerei, учествуваат познати уметници од фолк-музичката сцена, а на трпезата има понуда на претежно веганско и вегетаријанско мени, кое се разликува од баварската традиционална кујна која изобилува со месо.
Фото: ИнстаграмРЖМ