ПЛАНК ПРЕДИЗВИК: Правете ја оваа вежба секој ден по 1 минута и до Нова година ќе имате затегнато и мускулесто тело
Планкот е една од најтешките вежби бидејќи ги активира мускулите на целото тело. Ако го правите тоа секој ден, ќе го зајакнете телото и ќе се ослободите од вишокот килограми. Бидете храбри и почнете го предизвикот кој трае 28 дена
Планк предизвикот трае 28 дена, а вклучува изведување на една вежба во траење до 240 секунди. Иако звучи многу едноставно, оваа вежба се смета за најнапорна бидејќи ги активира сите мускули во телото.
Каков е планот? Правете планк секоја вечер 5 дена, а шестиот ден одморете се. Секоја вечер зголемете го времето поминато во планк. Шаблонот треба да изгледа вака:
ДЕН 1-3: 20 секунди
5 ДЕН: 40 секунди
7-8 ДЕН: 45 секунди
9 -11 ДЕН: 60 секунди
12 ДЕН: 90 секунди
14 - 16 ДЕН: 90 секунди
16-18 ДЕН: 150 секунди
20 - 23 ДЕН: 150 секунди
23-24 ДЕН: 180 секунди
26 - 27 ДЕН: 240 секунди
ДЕН 28: Додека не паднете
Како се изведува вежбата?
Потпрете ги лактите на земја, нозете исправени, грбот е исправен, стапалата на ширина на колковите. Тоа е позиција како да треба да правите склекови, но одморете се на земја со подлактиците. Останете во таа положба како што е планирано за тој ден. Ако ви е тешко, можете малку да се подигнете на рацете, па повторно да ги спуштите за да се држите одредено време.
Вежба број 2.
Страничнен планк ќе ги активира страничните мускули. Потпрете се на едната рака, додека другата рака е испружена во колкот или високо подигната кон таванот. Нозете треба да се потпираат една на друга.
Направете ја истата вежба на другата страна.
Најважно е дека за оваа вежба не треба да одите во теретана, не ви треба посебна опрема и подготовка. Сѐ што ви треба е волја и упорност 28 дена. Дали го прифаќате предизвикот?
Извор: stil.kurir.rs