По 22 години брак ја остави сопругата: Која е новата девојка на Дејвид Гета?

По многубројните ангажмани на различни страни од светот, славниот диџеј и продуцент Дејвид Гета (51) одлучи да здивне во Мајами уживајќи на една од атрактивните плажи. Друштво му прави неговата партнерка, 27-годишната Џесика Ледон.

Атрактивната Кубанка, инаку израсната во Мајами, е актерка која во тинејџерските години се занимавала и со мода и танц.

Ледон е причината поради која Гета после 22 години брак се разведе од сопругата Кети со која има две деца, 13-годишен син и 9-годишна ќерка.