ПО 3 НЕДЕЛИ „ИСЧЕЗНУВАЊЕ“: Меланија Трамп НЕРВОЗНО се огласи на Твитер!
По три седмици надвор од очите на јавноста, Меланија Трамп ги смири шпекулациите околу нејзиното здравје и брак.
Првата дама на САД, која се опоравува од медицинскиот третман за состојбата на бубрезите, се обрати на Твитер за да каже дека е „одлично" и е во Белата куќа.
Г-ѓа Трамп допрва треба да направи јавен настап, оставајќи некои скептици се 'уште се прашуваат за нејзината состојба.
Додека Доналд Трамп и неговата ќерка Иванка Трамп имаа јавен настан со кој го промовираа младинскиот спорт и фитнес, Меланија се огласи на Твитер:
„Гледам дека медиумите работат прекувремено за да шпекулираат каде сум и што правам. Бидете сигурни, јас сум тука во „Белата Куќа“ со моето семејство, се чувствувам одлично, и напорно работам во корист на децата и американскиот народ!"
Г-ѓа Трамп не е појавена во јавноста од 10-ти мај, кога го придружуваше претседателот во воената база во Мериленд, за да им посака добредојде на тројца американци кои беа ослободени од притвор во Северна Кореја.
Четири дена подоцна, „Белата куќа“ објави дека 48-годишната Меланија успеала да помине низ процедура за „емболизација" за лекување на бенигна состојба на бубрезите и дека немало компликации.
Таа помина пет вечери во „Волтер Рид“ - националниот воен медицински центар во близина на Бетеза, Мериленд.