По 5 години, Боки 13 го прослави роденденот на слобода: „Ти благодарам Господе, нека блеска за радост и здравје“
По 5 години, Боки 13 го прослави својот роденден на слобода, па по тој повод приреди голема прослава во еден скопски ресторан на која присуствуваа најблиските. Меѓу присутните беа голем дел од неговите пријатели кои го тешеа во најтешките моменти, но имаше и од оние кои не дојда на прославата, веројатно од оправдани причини.
Гламурот во негов стил и овој пат беше на завидно ниво, огромна шведска маса со сите видови на салати и јадења, а се служеа коктели, вино и шампањ.
-Да ја прославиме 38-та, на слобода после 5 години! Ти благодарам Господе, нека блеска за радост и здравје! Ви благодарам на сите за најубавите желби и мисли! Сила сте, напиша боки под објавата на својот Инстаграм профил.
А како изгледаше дел од прославата, погледнете од фотографиите во продолжение.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М