По 53 дена во болница, насмевка кај родителите на Искра

Најскапоцениот накит кој некогаш ќе го носите на својот врат се рачињата на Вашето дете!

Мама Маргарита е вистина богата....околу својот врат ги носи обвиткани рачињата на нејзината Искра, а во срцето засекогаш ќе остане запаметена малата и кревка Ведрана.

Родени во 31-та гестациска недела, значеше борба за живот за Искра и Ведрана. Ведрана за жал не успеа да се избори, но мама и тато мораа да останат силни и присебни за да ѝ ја дадат сета поддршка и љубов на Искра! Во тој лавовски перформанс на стабилност, и трезвеност во донесувањето на одлуките, тие ја покажаа својата сила, и своите предиспозиции за родителската улога.

И како да останеш имун да ваква храброст? Фондацијата Илија Камчев, по препорака на г-дин Јордан Камчев, реши дека едноставно мора да ги поддржи овие родители во нивнаата борба за животот на сопственото дете донирајќи 1.000.000,00 денари.
Насмевката на родителските лица носејќи ја својата ќерка во нејзинот дом по 53 денови поминати во болницата, нам ни ги наполни срцата!

Искра мила, ти посакуваме безгрижно детство, осипано со многу љубов и безброј прегратки од мама и тато. Да продолжиш да бидеш борец и цврсто и храбро да чекориш во животот.

Со љубов,

Фондација Илија Камчев