ПО ЦЕЛ ДЕН МОЖАМ ДА СУМ САМО НА ВОДА: Миа Костова ја одржува линијата со специјален начин на исхрана

Добивај вести на Viber

Интермитентниот пост (Intermittent fasting) во моментов е еден од најпопуларните начини за симнување на вишокот на килограми и одржување на телесната тежина. Овој начин на исхрана подрзабира дедоксикација на организмот, без внесување никаква храна и до 24 часа во денот. Последниве години, го користи водителката на „Бекстејџ“ Миа Костова.

Таа вели дека сосема несвесно го применувала постот, додека не сфатила дека е цела една наука и е единствен начин кој во последниве 4 години ѝ помогнал да ја одржува телесната тежина на за неа идеалните 55 килограми.

Миа со колегата од “Бекстејџ“, Мирослав Кацаров 

„ Иако несвесно, едноствениот начин кој ми успеал и ме задржал на исклучително ниска килажа во последниве години е токму овој. 16 до 18 часа без никаква храна. Неколку пати месечно и по 24 часа комплетен детокс. Останатите 8 часа уживање во се што ќе посакате. И вино! Вино, обавезно“, вели Миа.

„ На пример, прво јадење ми е накај 14 часот, а тоа е овошје, чија кафе со шеќер и со млеко. Накај 18 часот јадам салата, јадам месо, некогаш јадам и пица. И тоа е последното, до следниот ден до кај 12-13 часот. Според овој начин, не е битно да појадуваш рано, околу 7-8. Затоа што, сето она кое што влегло во организамот пред 15 часа не е копмлетно исчистено. Па така се таложи сало. Пред четири години, имав 80 килограми, сега имам 55“, ни изјави водителката.  Таа додава дека ова е единствениот начин со кој ги одржува килограмите. 

„ Детоксицирам секогаш кога знам дека сум грешела. Тоа се торти колачи, хамбургер. Не е пречесто. Но, ако врзам 2-3 такви дена, еднаш во месецот знам да не јадам и по цел ден, 24 часа да бидам само на вода“, ни раскажа Миа. Кога е во фаза на детоксикација, вели дека кога е полна со енергија. „Како голем гурман, тврдам дека ако можам јас, можат сите“, додаде Миа. 

На почетокот, таа мислела дека овој начин на исхрана не е исправен, но вели дека е докажано оти е одличен начин кој не штети на здравјето, за тело какво што посакуваме. 

М.Џаровска