По два пропаднати брака и неверства, ужива во вистинската љубов: Плени со својата убавина, но зад насмевката крие нешто што уште многу ja боли
Убавата актерка Ева Лонгорија денеска полни 48 години, а многумина долго време мислеа дека има совршен живот
Ева Лонгорија е позната како една од најубавите актерки на светската сцена, која ја краси посебна енергија и убавина. Најпознатата „очајна домаќинка“ ги освои срцата на публиката со ликот на Габриела Солис и оттогаш нејзината популарност расте неверојатно брзо. Таа е препознатлива по широката насмевка и заводливиот изглед, но малкумина знаат дека зад неа се кријат работи кои ја повредуваат оваа убавица.
Растела во Тексас
Ева е родена на 15-ти март 1975-та година во Тексас, како најмало дете во семејството. Нејзините родители - таткото Енрике и мајката Ела, која цел живот работеше како учителка, одгледале четири ќерки. Една од сестрите на Ева е родена со Даунов синдром, за што актерката долго време криеше од јавноста, бидејќи тоа е многу болна тема за неа.
Како што и самата признава, многу е приврзана за Ева. Состојбата на нејзината сестра отсекогаш била тешка за неа, поради што ја основала фондацијата „Eva's Heroes“ која им помага на децата со пречки во развојот.
- Секогаш се грижев за неа. Имаше денови кога плачев без престан и се прашував што направи таа за да го заслужи сето ова. Тоа е рана што ме пече со години.
Како дете долго време сонувала да стане позната манекенка која ќе ги освојува модните писти ширум светот, но нејзината висина од 157 сантиметри ја спречила во тоа.
Вртоглав подем во кариерата
Голем пресврт во нејзиниот живот се случи во 2004-тата година. Таа прифати улога во сега веќе култната серија „Очајни домаќинки“, која се прикажуваше до 2012-та година. Маестрално го интерпретираше ликот на Габриела Солис, а ги освои гледачите веќе во првите епизоди.
Од тој момент за неа започнува период на голем успех. Таа го имаше своето деби на големото платно со забележителна улога во „The Sentinel“, кој исто така беше огромен успех.
Бурен љубовен живот и два пропаднати брака
Минувала и низ љубовни турбулентни периоди. Актерката беше во брак со актерот Тајлер Кристофер од 2002-ра до 2004-та година, а нивниот развод се случи затоа што актерката беше премногу млада и не разбираше целосно што значи бракот. Недолго потоа го запознала НБА кошаркарот Тони Паркер, со кого се омажи во 2007-ма година и двајцата ималаа одлични односи до 2010-та година, кога актерката поднесе барање за развод откако Паркер ја изневерил. Лонгорија многу тешко го поднесе разводот и никогаш не криеше дека срцето ѝ било скршено и почна да се сомнева во себе поради неговото изневерување.
- Многу луѓе очекуваат да го мразам и да го уништам, но јас не го сакам тоа. Сакам да биде среќен. Тој не е лош човек. Верувам во простување и заборавање. Имав моменти кога се прашував дали сум доволно секси за него? Дали сум доволно убава? Дали сум доволно паметна? Веднаш потоа сфатив дека не смеам да се сомневам во себе - беше искрена актерка.
Мирно пристаниште
По два неуспешни брака, Ева не престана да верува во љубов. Кога го запозна бизнисменот Хозе Бастон, поверувала дека тој е човекот на нејзиниот живот. Таа се омажи за него во 2016-та година на приватен имот во Мексико, а две години подоцна добија син кого го нарекоа Сантијаго Енрико.
Најтешкиот момент во животот
Кога конечно помисли дека нејзиниот живот е мирен, следеа тешки вести. Имено, во 2017-та година било утврдено дека нејзината сестра Елизабет боледувала од рак.
Фото: Profimedia- На мојата сестра Елизабет ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред неколку години. Досега не сум зборувала за тоа, од неколку причини. Едната е, сестра ми е лице со посебни потреби и без тоа ѝ е доволно тежок животот, а второ, тогаш и јас не знаев многу за оваа болест. Денес размислувам за тоа сосема поинаку. На мојата сестра ѝ беше дијагностициран рак во прва фаза, имавме среќа - признала актерката.
Една од најатрактивните актерки
Ева Лонгорија е на сите листи за најубави жени на светот, а оваа дама истакнува дека е многу посветена на својот изглед и соодветната грижа. Од друга страна, позната е како стилска икона, а е модна инспирација за многу припаднички на понежниот пол.
- Никогаш не излегувам од дома пред да ставам маскара. Кога станува збор за специјални прилики, секогаш се одлучувам за вештачки трепки и го користам тој трик со години. Секогаш ја третирам косата со хранлива маска. Откако почнав да фарбам, повеќе внимавам на косата отколку порано. За да ја задржам косата здрава и сјајна, избирам шампони и регенератори без сулфати – откри еднаш Ева.
Извор: stil.kurir.rs