„Очајната домаќинка“ позираше во костим за капење и докажа дека е вистинска џебна венера: Со 155 сантиметри таа грми од убавина

Добивај вести на Viber

Фото насловна: BACKGRID/Backgrid UK Foto: Profimedia

Ева Лонгорија Бастон направи нов бум на Инстаграм. Таа покажа како изгледа во костим за капење и на сите им покажа дека ја заслужува „титулата“ џебна венера.

Актерката и продуцентка позираше во дводелен костим кој ги истакна сите резултати од напорните тренинзи. Ева често открива делови од својот тренинг на Инстаграм, а таму може да се види дека многу внимава на исхраната.

Затоа, таквата сцена не треба да изненадува. 155 сантиметри високата актерка денес е поубава од кога било досега, што може да се каже и за актерката Салма Хајек, која својата линија ја доведедо топ форма.


Познатите не го чекаат летото за „експресно“ да ослабат, туку сакаат да ја имаат посакуваната тежина во текот на целата година, што е многу подобро решение, особено на долг рок.

Прекрасната Ева Лонгорија е пример за тоа како треба да се шегувате со себе кога страдате од вишок килограми и сакате да изгубите тежина. Пред неколку години, кога се шпекулираше дека се здебелила затоа што е во блажена состојба, актерката изјави дека едноставно сака да јаде сирење, па оттука и скокот на килограмите.


Фото: Инстаграм - Ева Лонгорија

Ева Лонгорија е верен обожавател на нашиот дизајнер Тони Матичевски кој живее во Австралија: Актерката повторно во негова креација блесна