По него воздивнува половина свет, но таа му го освои срцето: Ова е девојката на победникот на Евровизија?
И Сања Вучиќ од „Hurricane“ полуде по него, заедно со остатокот од светот...
Пејачот Дамијан Дејвид, фронтменот на групата Манаскин, која го освои првото место на Евровизија, со својот атрактивен изглед привлече големо внимание.
Иако многу припаднички на понежниот пол „полудеа“ за овој пејач, малку кој знае дека тој е во врска веќе четири години и неговото срце го освоила манекенката и инфлуенсерка Џорџа Сорели, пишува „Новости“.
На социјалните мрежи тие двајца немаат заеднички фотографии, но Џорџа го бодреше од дома и сето тоа го сними, а подоцна го сподели на Инстаграм.
Дамијан го привлече вниманието на многу девојки на Евровизија, а ѝ падна во око и на претставничката на Србија, Сања Вучиќ.
За време на една конференција за медиумите ја имаа прашано Сања за односот со младиот Италијанец, а таа не можеше да сокрие дека многу ѝ се допаѓа.
„Тој е преубав маж. Да бидам искрена, сама сум... Прекрасен е... Ќе престанам да зборувам... Всушност, би се омажила за него, но тој е шест години помлад од мене“ - низ смеа зборуваше Сања за еден странски медиум.
фото: Profimedia