По речиси три децении се разведува актерот Хју Џекмен: „Бевме благословени да бидеме заедно, тоа беше брак полн со љубов“

Добивај вести на Viber

Познатиот актер Хју Џекмен и неговата сопруга Дебора Ли одлучија да се разделат, по 27 години брак од кој имаа две деца.

По повод овие гласини, а се со цел да ги запрат шпекулациите се огласија и тие:

-Ние бевме благословени да споделиме речиси три децении заедно како маж и жена во прекрасен брак со љубов. Сега нашето патување се менува и решивме да се разделиме за да продолжиме со нашиот личен раст, ​​се вели во заедничката изјава на Џекмен.

Тие напишаа и дека повеќе нема да се огласуваат во врска со разводот, пренесе АП.

Фото: screenshot/youtube