По семејната трагедија се огласи и Гоца Шаулиќ: Прво Шабан, а сега и таа, неутешна е
Сарајка Шаулиќ Цакиќ, сестра на починатиот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, почина на 76-годишна возраст, по кратко боледување. Хасан Дудиќ на својот Фејсбук профил ја објави тажната вест за семејството Шаулиќ.
По повод оваа семејна трагедија, екипата на српски Курир стапи во контакт со вдовицата на Шабан Шаулиќ – Гоца, која го кажа следново:
- Сарајка беше член на нашето најтесно семејство. Сите бевме многу блиски. Беше болна. Помина многу време во странство. Најмногу беше со Санела, ги чуваше нашите внуци. Имаше тежок живот, тоа е тешка приказна – рекла тажна Гоца.
Тие стапиле во контакт и со Хасан, кој не може да закрепне од шокот од семејната трагедија.
- Сестра ми си отиде, сè уште не можам да се смирам. Сарајка беше најстарата, па Шабан, па јас … Беше болна во последно време, последните 10-тина дена ги помина во болницата во Шабац, каде и почина. Состојбата и се влошила, не можела повеќе да јаде. Тешко ми е. Последен пат се слушнавме пред 3 недели, а се видовме пред околу 3 месеци. Утре во 12 часот има погреб на муслиманските гробишта – ни изјави ожалостен Хасан.
Да потсетиме, на Инстаграм се огласи и Илда Шаулиќ, за која пејачката беше исклучително приврзана:
- Мојата сакана тетка Сарајка отиде кај својот брат. Почивај во мир драга моја – се прости од својата сакана тетка Шаулиќ.