По спонтаниот абортус ми се сруши светот: Тијана Дапчевиќ за трагедијата која ја доживеала со првата бременост

Добивај вести на Viber

Тијана Дапчевиќ во својата емотивна исповед проговори за абортусот и траумата што ја доживеала кога забременила за прв пат. Таа и нејзиниот сопруг Милан сега го имаат синот Вук, но признава дека првото искуство ѝ било најболно.

- Пред да забременам со Вук, абортирав. Го изгубив бебето во деветтата недела од бременоста! Толку сакав да останам бремена, а кога конечно се случи, бев пресреќна. И тогаш мојот свет се сруши! Ми беше многу тешко. За Милан и мене, тоа беше најголемата траума што некогаш сме ја доживеале. Имав среќа што налетав на д-р Снежана Ракиќ од ГАК „Народни фронт“, која ми го спаси животот! И не само што ме лекуваше, туку ми пружи и психолошка поддршка. Таа ми рече: „Само опушти се и ќе имаш бебе за една година!" Така и беше - вели Тијана.

Според пејачката, овој трагичен настан ја зајакнал љубовта со Милан.

- Кога го изгубив бебето поминавме низ пекол, но не ни помислувавме да се разделиме. Тоа не зајакна. Милан секогаш беше покрај мене и во тие најтешки моменти. Секогаш сум велела дека ќе родам машко дете, мајкин син, кој ќе личи на мене. Тоа е Бук! Навистина е ист како мене, само е граден на татко му. Сепак, тој е и тврдоглав и упорен како Милан. Никогаш не зажалив што имам само едно дете, Вук ми вреди за десет. Јас и Милан бевме во брак седум години, го обиколивме светот и сакавме бебе. Имав спонтан абортус со првото бебе, а потоа не можев да забременам по природен пат. Му реков: „Ако не забременам до септември, ќе одам на ИВФ!“ Во 2007-ма година, сестра ми Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас работев на нејзиниот медиумски план. Бев фокусирана на тоа, не размислував за дете и тогаш забременив – изјави таа во интервју за српски „Информер“.


Извор: express.ba